Витаминот А е неопходен витамин кој му е потребен на телото за раст и развој. Исто така е од витално значење за видот, функционирање на клетките, имунитетот и репродуктивните органи.
Исто така му помага на срцето, белите дробови, бубрезите и другите органи да функционираат правилно.
Недостаток на витамин А е реткост, ако се случи, тоа може да доведе до проблеми со видот, вклучувајќи и ноќно слепило.
Типови на витамин А
Витаминот А се јавува во различни форми.
- Преформираниот витамин А се јавува во месото, рибите и млечните продукти.
- Провитамин А е присутен во овошјето, зеленчукот и други производи на растителна основа.
- Ретинолот е главната активна форма на витамин А во крвта. Ретинил палмитат е форма на складирање на витаминот.
- Бета-каротенот е провитамин, или претходник на витамин А кој се јавува кај растенијата – особено темно обоени овошја и зеленчук.
Извори на храна богати со витамин А
Формата на витамин А ќе зависи од видот на храната.
На пример, готовиот ретинол — кој е активна форма на витамин А — доаѓа само од животински извори.
Најбогатите извори на ретинол вклучуваат:
- животински органи, како што е црниот дроб
- масни риби, како што се туна и херинга
- млеко и сирење
- јајца
Храната на растителна основа содржи каротеноиди, кои се антиоксидантни форми на витамин А. Телото ги претвора овие во ретинол како што му е потребно. Каротеноидот е портокалов пигмент кој придонесува за бојата на одредени овошја и зеленчук.
Изворите на овошје и зеленчук кои се богати со каротеноиди често се портокалови. Тие вклучуваат:
- тиква
- моркови
- сладок компир
- црвени пиперки
Растителните намирници кои се богати со бета-каротен вклучуваат темнозелен листен зеленчук, како што се:
- броколи
- спанаќ
Препорачан внес
Препорачаниот внес на витамин А варира според возраста. Одредени физиолошки состојби побаруваат повеќе внес на витамин А како бременост и доење.
Достапна е во неколку форми, а содржината на витамин А во храната често се мери како еквиваленти на активноста на ренинолот (RAEs).
Еден RAE е еднаков на:
- 1 микрограм (мкг) ретинол
- 12 мкг бета-каротен од храна
- 2 мкг бета-каротен од додатоци
- 3,33 меѓународни единици витамин А
Д-р Александра Георгиева








