Состојки:

  • 400г пилешко месо
  • 100мл соја сос
  • 200г брокула
  • 200г морков
  • 200г печурки
  • 2 лажици нишесте
  • 1 лажица доматен сос
  • 1 лажица ѓумбир
  • 1 лажица лук во прав
  • 1 чаша ориз

Постапка:

Чекор 1 – Исецкајте го пилешкото месо на ситни коцки и измешајте го со неколку лажици соја сос и нишестето

Чекор 2 – На малку масло пропржете го ѓумбирот, а потоа и пилешкото месо

Чекор 3 – Додајте го зеленчукот кратко да се пропржи

Чекор 4  – Во сад на страна припремете го сосот мешајќи ги доматниот сос, соја сосот, лукот во прав и малку ѓумбир во прав со малку вода

Чекор 5 – Сосот додајте го во тавата да прокрчка

Чекор 6 – На крај додајте 2 лажици нишесте растворено со малку вода за да се згусне смесата

Чекор 7 – Сервирајте со сварен ориз