Состојки:
- 1 средно голема тиква (Honeynut Squash или Butternut Squash)
- 2 лажици путер
- 100г кафеав шеќер
Постапка:
Чекор 1 – Пресечете ја тиквата на половина и исчистете ја од семките.
Чекор 2 – Поставете ги двете половини со кората нагоре на хартија за печење и ставете ги да се печат 30мин. во претходно загреана рерна на температура од 180С.
Чекор 3 – Премачкајте ги со путерот од внатрешната страна и ставете го шеќерот врз него.
Чекор 4 – Ставете ги да се печат уште 30мин. на температура од 180С, но сега со внатрешната страна нагоре.








