Состојки:
- 200г пилешко месо
- 100г нудли
- 50г марула
- 50г морков
- 50г црвена зелка
- 50мл соја сос
- 1 лажица мед
- 1 лажица путер од кикирики
- 30мл јаболкова киселина
- кршени бадеми
Постапка:
Чекор 1 – Во тенџере ставете го месото да се вари 20-25мин.
Чекор 2 – Во меѓувреме сечете ги морковот и црвената зелка.
Чекор 3 – Сварете ги нудлите според инструкциите на паковањето.
Чекор 4 – Подгответе го преливот. во мал длабок сад додадеде го соја сосот, јаболковата киселина, медот, путерот од кикирики и зачини по вкус (лук во прав, зачин за пилешко месо, црн бибер).
Чекор 5 – Откако месото ќе се свари исечете го на ситни парчиња или искубете го.
Чекор 6 – Додаде те ги сите состојки во длабок сад и полијте ги со преливот. Врз него додаде те ги кршените бадеми.