За нас
Заедно за здравје
Проектот ” Заедно за здравје” е проект финансиран од Еразмус+ програмата и истиот е креиран од страна на Здружение на Лекари Специјализанти- ЗЛС. Идејата зад овој проект произлегува од потребата за промовирање на здравите животни навики помеѓу младите луѓе кои живеат во Република Северна Македонија. Зголемената стапка на млади лица со прекумерна телесна тежина, како и зачестеноста на кардиоваскуларните болести кај постарата популација, создаваат потреба за промоција на здравствената писменост и здравите животни навики помеѓу младите во нашата земја.
Нашата цел е обединување на трите аспекти на здравиот живот– исхрана, квалитет на сон и физичка активност, нивна промоција и обезбедување на лесно достапни информации за младите луѓе.
Дел од крајните цели на UWP се:
- Промовирање на важноста на здравиот начин на живот помеѓу младите луѓе во Република Северна Македонија.
- Влијание врз креирањето и имплементацијата на јавните политики и регулативи кои ќе овозможат избор на здрави животни навики од страна на средношколците и адолесцентите.
- Лесна достапност до информации за младите кои се соочуваат со нетолеранција кон одредени видови храна и насоки како да креираат едноставни планови на исхрана, кои се соодветни за нивната здравствена состојба.
- Достапност до здрави рецепти кои се креативни и лесни за подготовка.
- Достапност до фитнес тренинг видеа, кои се едноставни за изведување и за кои не е потребна опрема или претходно знаење, а истите може да се направат и во домашни услови.