04-07-2023 | Здрави оброци
Состојки:
- 1 средно голема тиква (Honeynut Squash или Butternut Squash)
- 2 лажици путер
- 100г кафеав шеќер
Постапка:
Чекор 1 – Пресечете ја тиквата на половина и исчистете ја од семките.
Чекор 2 – Поставете ги двете половини со кората нагоре на хартија за печење и ставете ги да се печат 30мин. во претходно загреана рерна на температура од 180С.
Чекор 3 – Премачкајте ги со путерот од внатрешната страна и ставете го шеќерот врз него.
Чекор 4 – Ставете ги да се печат уште 30мин. на температура од 180С, но сега со внатрешната страна нагоре.
03-07-2023 | Здрави оброци
Состојки:
- 200г тофу
- 100г ориз
- 2 лажици путер од кикирики
- 60мл соја сос
- 100г сусам
- пченично брашно
- кравјо млеко или растително млеко
- црвена зелка
- морков
- лут сос
- јаболкова киселина
- мед
- свеж ѓумбир
Постапка:
Чекор 1 – Истеснете ја водата од тофуто, истовремено внимавајќи да не го изроните. Исечтете го на коцки.
Чекор 2 – Подготвте ја маринадата. Во мал длабок сад ставете 1 лажица путер од кикирики, 30мл соја сос, 1 лажица јаболкова киселина, 1 лажица мед. Добро промешајте и ставете го тофуто да се маринира најмалку 2 часа.
Чекор 3 – Исечете го морковот, салатата и ѓумбирот. Ставете ги во длобок сад и додадете го лутиот сос, ½ лажица меде, 2 лажици јаболкова киселина и сол. Исмешајте добро и оставете го да се впие неколку минути.
Чекор 4 – Подгответе го оризот според инструкциите на паковањето, покријте г со капак и оставете го на страна.
Чекор 5 – Извадете го секое парче тофу од маринадата и најпрво извалкајте го во брашното, па потопете го во млекото и накрај убово извалкајте го во сусамот. Оваа постапка повторете ја со сите парчиња.
Чекор 6 – На загреано тавче со малку масло ставете го подготвеното тофу да се пржи 2-3 минути од страна.
Чекор 7 – Во преостанатата маринада додадете го остатокот од медот, путерот од кикирики, соја сосот и јаболковата киселина. Искористете го како сос.
Чекор 8 – Поставете ги сите подготвени делови во длабок сад како на сликата.
30-06-2023 | Здрави оброци
Состојки:
- 150 грама овесни снегулки
- 3 големи зрели банани
- чоколадни капки (екстракт од ванила и цимет по желба)
Постапка:
Чекор 1 – Изгмечете ја бананата со вилушка и во неа додајте ги овесните снегулки.
Чекор 2 – Додајте ги парчињата чоколадо, циметот и екстрактот од ванила и убаво измешајте.
Чекор 3 – Формирајте колачиња во форма на дискови со дебелина од 1цм.
Чекор 4 – Печете ги 10-12 минути на 180 степени.
21-06-2023 | Здрави оброци
Состојки:
- 1 голема ториља
- 2 лажици доматно пире или кечап
- 200г моцарела или кашкавал со намалена масленост
- 1 јајце
- 50г пилешка или мисиркина шунка
- печурки
- оригано
Постапка:
Чекор 1 – Ставете ги тортиљите на тава за печење и премачкајте ги со доматниот сос.
Чекор 2 – Врз доматниот сос додадете оригано.
Чекор 3 – Следно, нарендајте го кашкавалот врз сосот.
Чекор 4 – Додадете ги парчињата шунка.
Чекор 5 – Скршете едно јајце во средината на тортиљата. Зачинете.
Чекор 6 – Печете го во загреана рерна на 200°C, околу 7-10 минути или додека белката не е целосно испечена, а жолчката сеуште течна.
20-06-2023 | Здрави оброци
Состојки:
- 100г кокосово брашно
- 200г протеински пудинг од кокос или ванила
- 50 грама темно чоколадо
- лешници
Постапка:
Чекор 1 – Измешајте го протеинскиот пудинг со кокосовото брашно.
Чекор 2 – Од половина од смесата формирајте барови, кои ќе ги чоколадирате во растопеното темно чоколадо.
Чекор 3 – Од втората половина формирајте топчиња, во кои во средината ќе додадете по еден печен лешник.