17-06-2023 | Здрави оброци
Состојки:
- 300г пилешко месо
- 400г компир
- 2 јајца
- брашно
- дробен корнфлекс
Постапка:
Чекор 1 – Месото исечете го на ленит широки 3-5цм.
Чекор 2 – Секоја лента место најпрво извалкајте ја во брашно, потоа потопетеја во зматено јајце и накрај извалкајте ја во дробениот корнфлекс.
Чекор 3 – Во загреана рерна на 200C ставете ги да се печат 20-25 мин. или во Air Fryer 13-15 мин.
Чекор 4 – Исечете го компирот во форма на помфрит, измијте го во ладна вода, додадете зачини по избор, малку масло.
Чекор 5 – Во загреана рерна на 200C ставете ги да се печат 20-25 мин. или во Air Fryer 13-15 мин.
16-06-2023 | Истражувања и резултати
На оваа работилница се едуциравме за важноста на сонот и како да изградиме квалитетни и здрави навики за спиење. Сонот е особено важен дел од целокупното човеково здравје и благосостојба, а квалитетот на сонот е особено важен за младите лица. Квалитетот на сонот е од особено значење за физичкото и менталното здравје, а исто така помага и за подобрување на меморијата, учењето и когнитивните функции. Дискутиравме, разменувавме мислења и едногласни бевме во заклучокот дека добриот сон е половина здравје. Им благодариме на учесниците за укажаниот интерес и учество.









11-06-2023 | Истражувања и резултати
Се дружиме, учиме за здрави животни навики и готвиме вкусни оброци на работилницата во Битола! Погледнете како се едуциравме за бенефитите од здравиот начин на исхрана и во пракса покажавме колку е едноставно и вкусно да се храниме здраво. Насмеаните ликови на учесниците кажуваат се за убавата атмосфера која владееше на оваа работилница.














10-06-2023 | Здрави оброци
Состојки:
- 2 домати
- 100г маслинки
- 200г изварка
- 50мл млеко
- ½ интегрален багет
- магдонос
Постапка:
Чекор 1 – Интегралниот багет исечете го на парчиња со дебелина од 1цм.
Чекор 2 – Ставете го да се пече во загреана рерна на 220 степени 5-10 минути.
Чекор 3 – Изварката изблендирајте ја со млекото, сол, бибер и лук во прав.
Чекор 4 – Премачкајте го потпечениот багет со подготвената смеса.
Чекор 5 – Исецкајте ги доматите, маслинките и магдоносот. Посолете ги и измешајте ги.
Чекор 6 – Врз секое парче багет ставете по една лажица од смесата со доматите. Украсете со магдонос и крема балсамико.
01-06-2023 | Здрави оброци
Состојки:
- 100г овесни снегулки
- 250мл млеко (по можност)
- 150г овошје по избор
- ½ лажичка цимет
- 1 лажица мед
- Ванила екстракт
Постапка:
Чекор 1 – Кратко сварете ги овесните снегулки во млекото
Чекор 2 – Додајте го медот, ванила екстрактот и циметот и промешајте
Чекор 3 – Ставете го во длабока чинија и врз него ставете две лажици кокосово млеко
Чекор 4 – Додајте свежа излупена праска, суво грозје, сецкани бадеми и чија семе