Леб од банана

Леб од банана

Состојки:

  • 3 зрели банани
  • 200г овесно брашно
  • 2 јајца
  • 2 лажици засладувач по избор
  • 2 лажици јаболково пире
  • 150г грчки јогурт
  • 100мл млеко
  • Ванила екстракт
  • пециво

Постапка:

Чекор 1 – Во длабок сад истропчкајте ги бананите.

Чекор 2 – Во истиот сад додадете ги јајцата, јаболковото пире, грчкиот јогурт, млекото и ванила кстрактот. Убаво мешајте додека смесата не се соедини.

Чекор 3 – Додадете ги сувите состојки, брашното и пецивото. Промшајте со маталка додека не добиете хомогена смеса.

Чекор 4  – Смесата ставете ја во модла за леб. Печете 35-45мин. на температура од 180С.

Десерт со јагоди

Десерт со јагоди

Состојки:

  • 100г свежи јагоди
  • 1 протеински пудинг од ванила
  • 100г гранола
  • Чија семе

Постапка:

Чекор 1 – Во длабок сад наредете еден ред гранола.

Чекор 2 – Врз него ставете неколку лажици од пудингот,

Чекор 3 – Ставете неколку исецкани јадоги.

Чекор 4  – Повторете ги чекорите неколку пати.

Чекор 5 – Нагоре додадете малку чија семе.

Полнети пиперки со пире компир

Полнети пиперки со пире компир

Состојки:

  • 3 пиперки
  • 150г мелено мисиркино месо
  • 2 лажици доматно пире
  • 150мл доматен сос
  • 50г кашкавал со намалена масленост
  • 1 лажичка босилек
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка лук во прав
  • 200г компир
  • 1 лажичка путер
  • 20мл млеко

Постапка:

Чекор 1 – На малку масло испржете го мисиркиното месо.

Чекор 2 – Откако ќе го испржите додадете ги зачините, заедно со доматното пире.

Чекор 3 – Пржете уште 1 минута, додека зачините не ги испуштат своите мириси.

Чекор 4  – Додајте го доматниот сос и оставете ја смесата да проврие додека не се згусне.

Чекор 5 – Трите пиперки на кои претходно сте им ја отстраниле рачката и семето наполнете ги со претходно подготвената смеса.

Чекор 6 – Печете во загреана рерна 40 минути на 200 степени. Неколку минути пред крајот додајте го кашкавалот да се растопи.

Чекор 7 – Послужете со пире од компир, кое ќе го подготвите од изгмечен варен комприс во кој сте додале путер млеко и зачини.

Протеински сладолед (смрзнат јогурт)

Протеински сладолед (смрзнат јогурт)

Состојки:

  • 250г грчки јогурт
  • 300г смрзнати јагоди
  • 50г протеин од сурутка

Постапка:

Чекор 1 – Ставете го грчкиот јогурт заедно со протеинот од сурутка во блендер или процесор.

Чекор 2 – Блендирајте додека смесата не стане хомогена

Чекор 3 – Додадете го и овошјето (директно од замрзнувач) во блендерот и продолжете да блендирате додека повторно не добиете хомогена смеса.

Чекор 4  – Префрлете ја смесата во сад.

Чекор 5 – Ставете ја смесата во замрзнувач 1 час.

Чекор 6 – Послужете ги топките сладолед со свежо или смрзнато овошје.

Клуб сендвич

Клуб сендвич

Состојки:

  • 2 јајца
  • 2 парчиња леб
  • 30г халуми сирење
  • 20г кашкавал со намалена масленост
  • ¼ домат
  • 2 листови марула/неколку листови бебе спанаќ
  • 30г чадено месо/пилешка салама
  • 100г компир
  • ½ авокадо

Постапка:

Чекор 1 – Во длабок сад убаво изматете ги јајцата и зачинете.

Чекор 2 – Лебот убаво потопете го во претходно изматените јајца и ставете го да се пржи на претходно загреано нелепливо тавче или додадете сосема мала количина на масло. Пропржете по 2-3 минути од страна.

Чекор 3 – Во меѓувреме, во друг сад истропчкајте го авокадото и зачинете.

Чекор 4  – Исечете го компрот, зачинете го избор, додадете малку масло и ставте го да се пече на 200С во претходно загреана рерна 20-25мин или во AirFryer 13-15 мин.

Чекор 5 – Халуми сирењето исечете го на тенки шницили и ставете го да се пржи 2-3 минути од страна.

Чекор 6 – Претходно испржените лепчиња премачкајте ги со намазот од авокадо.

Чекор 7 – Врз него додадете ги листовите марула, исечканиот домат, пилшкото месо и прженото халуми сирење.