Палента со спанаќ и јајце

Палента со спанаќ и јајце

Состојки:

  • 100г палента
  • 400мл вода
  • 100г спанаќ
  • 150г печурки
  • 150г изварка
  • 1 јајце

Постапка:

Чекор 1 – Во тенџере ставете ја водата додека не зоврие и додадете сол.

Чекор 2 – Штом водата ќе зоврие постепено додавајте ја палентата и постојано мешајте со жица за матење. Потоа намалете ја температурата и мешајте додека палентата не се згусти.

Чекор 3 – Ставете капак на тенџерето и оставете ја палентата да се вари 20тина минути, со неколку промешувања.

Чекор 4  – Во меѓувреме ставете го јајцето да се вари или пошира.

Чекор 5 – Во загреано тавче со малку масло за јадење ставете ги печурките да се пропржат 4-5 минути, а потоа додадете го спанаќот уште 2-3 минути. Накрај додадете ја изварката и пржете се додека смесата не се соедини, околу 5-6 минути. Зачинете.

Чекор 6 – На крај во Подготвената палента додадете го путерот и убаво промешајте додека истиот не се растопи и соедини.

Чоколадирани француски лепчиња со јајца

Чоколадирани француски лепчиња со јајца

Состојки:

  • 3 парчиња интегрален леб
  • 2 лажици протеински крем без додадени шеќери
  • 2 јајца
  • 1 банана
  • 1 лажичка екстракт од ванила

 

Постапка:

Чекор 1 – Во длабок сад убаво изматете ги јајцата и додадете го ванила екстрактот.

Чекор 2 – Лебот убаво потопете го во претходно изматените јајца и ставете го да се пржи на претходно загреано нелепливо тавче или додадете сосема мала количина на масло. Пропржете по 2-3 минути од страна.

Чекор 3 – Во длабок сад изтропчкајте ја бананата.

Чекор 4 – На две од претходно испржените кришки леб намачкајте од кремот и врз него ставете половина од истропчканата банана.

Чекор 5 – Поставете ги лапчињата едно врз друго така што непремачканото да биде на врвот.

Чекор 6 – Јадете во комбинација со друго овошје како на пример некој тип на бобинки и грчки јогурт како уште еден одличен извор на протеин.

Крофни со прелив од боровинка

Крофни со прелив од боровинка

Состојки:

За крофни:

  • 100г пченично брашно
  • 100г овесно брашно
  • 30г бадемово брашно
  • 4 урми
  • 2 јајца
  • 1 лажица мед

Прелив:

  • 150г боровинки
  • 200г грчки јогурт

 

Постапка:

Чекор 1 – Во блендер или мулти практик ставете ги сите состојки за крофните и блендирајте додека не добиете смеса налик на тесто.

Чекор 2 – Оставете ја смесата да отстои 20 минути со цел сите состојки убаво да се соединат.

Чекор 3 – Од смесата формирајте крофни (со овие количини треба да добиете околу 6 крофни).

Чекор 4 – Во зовриена вода ставете ги крофните да се варат 5 минути.

Чекор 5 – Во тавче со сосем малку загреано масло ставете ги крофните да се пропржат по 3 минути од двете страни.

Чекор 5 – Во тавчето со крофните ставете ги боровиниките исто така да се пропржат и да ги испуштат нивните течности со цел истите да ги впијат самите крофни.

Чекор 6 – Повлечете го тавчето од загреаната површина и ставете го грчкиот јогурт, убаво промешајте додека крофните не изгледаат како премачкани во преливот.