17-07-2023 | Здрави оброци
Состојки:
- 200г пилешко месо
- 100г нудли
- 50г марула
- 50г морков
- 50г црвена зелка
- 50мл соја сос
- 1 лажица мед
- 1 лажица путер од кикирики
- 30мл јаболкова киселина
- кршени бадеми
Постапка:
Чекор 1 – Во тенџере ставете го месото да се вари 20-25мин.
Чекор 2 – Во меѓувреме сечете ги морковот и црвената зелка.
Чекор 3 – Сварете ги нудлите според инструкциите на паковањето.
Чекор 4 – Подгответе го преливот. во мал длабок сад додадеде го соја сосот, јаболковата киселина, медот, путерот од кикирики и зачини по вкус (лук во прав, зачин за пилешко месо, црн бибер).
Чекор 5 – Откако месото ќе се свари исечете го на ситни парчиња или искубете го.
Чекор 6 – Додаде те ги сите состојки во длабок сад и полијте ги со преливот. Врз него додаде те ги кршените бадеми.
14-07-2023 | Здрави оброци
Состојки:
- 200г мисиркино мелено месо
- ½ главица кромид
- 1 чешне лук
- 400г сладок компир
- 2 лажици доматно пире
- тако зачин
Постапка:
Чекор 1 – На загреано тавче со малку масло додадете ги претходно исечканте кромид и лук да се пропржат неколку минути доека не добијат златно-кафеава боја.
Чекор 2 – Додадето го месото заедно со сол, мелен црно бибер и тако зачин. Пржете се додека месото не добие кафеава боја, околу 5-8 минути.
Чекор 3 – Во длабок сад измешајте го доматното пире со малку вода и додадете го во во месот. Оставете го на ниска температура да проврие.
Чекор 4 – Во меѓувреме подгответе го компирот. Добро измијтего со ладна вода и направете неколку дупки со вилушка низ цела негова површина. Ставете го во микробранова печка на највисока температура 10-12мин. некаде на половина свртете го од другата страна.
Чекор 5 – Откако сите состојки ви се подготвени, пресечете го компирот на пола. Внатрешноста треба да биде доста мека, па користејќи вилушка направете вдлабнатини и во двете половини. Вдлабнатините наполнете ги со месото. По желба додадете рендан кашкавал врз него.
11-07-2023 | Здрави оброци
Состојки:
- 1 средно голема тиква (Honeynut Squash или ButternutSquash)
- 1 лажица путер
- 100г ореви
- 2 лажици мед
- ½ лажичка цимет
Постапка:
Чекор 1 – Пресечете ја тиквата на пола и исчистете ги семките од неа.
Чекор 2 – Поставете ги двете половини во тепсија обложена со хартија за печење. Премачкајте ги со путерот. Врз нив подаде те го циметот.
Чекор 3 – На претходно загреана рерна на температура од 220С ставете ги да се печата 35-40 мин.
Чекор 4 – Откако ќе се испечат, додадете по 1 лажица мед на секое парче и по 50г ореви.
04-07-2023 | Здрави оброци
Состојки:
- 1 средно голема тиква (Honeynut Squash или Butternut Squash)
- 2 лажици путер
- 100г кафеав шеќер
Постапка:
Чекор 1 – Пресечете ја тиквата на половина и исчистете ја од семките.
Чекор 2 – Поставете ги двете половини со кората нагоре на хартија за печење и ставете ги да се печат 30мин. во претходно загреана рерна на температура од 180С.
Чекор 3 – Премачкајте ги со путерот од внатрешната страна и ставете го шеќерот врз него.
Чекор 4 – Ставете ги да се печат уште 30мин. на температура од 180С, но сега со внатрешната страна нагоре.
03-07-2023 | Здрави оброци
Состојки:
- 200г тофу
- 100г ориз
- 2 лажици путер од кикирики
- 60мл соја сос
- 100г сусам
- пченично брашно
- кравјо млеко или растително млеко
- црвена зелка
- морков
- лут сос
- јаболкова киселина
- мед
- свеж ѓумбир
Постапка:
Чекор 1 – Истеснете ја водата од тофуто, истовремено внимавајќи да не го изроните. Исечтете го на коцки.
Чекор 2 – Подготвте ја маринадата. Во мал длабок сад ставете 1 лажица путер од кикирики, 30мл соја сос, 1 лажица јаболкова киселина, 1 лажица мед. Добро промешајте и ставете го тофуто да се маринира најмалку 2 часа.
Чекор 3 – Исечете го морковот, салатата и ѓумбирот. Ставете ги во длобок сад и додадете го лутиот сос, ½ лажица меде, 2 лажици јаболкова киселина и сол. Исмешајте добро и оставете го да се впие неколку минути.
Чекор 4 – Подгответе го оризот според инструкциите на паковањето, покријте г со капак и оставете го на страна.
Чекор 5 – Извадете го секое парче тофу од маринадата и најпрво извалкајте го во брашното, па потопете го во млекото и накрај убово извалкајте го во сусамот. Оваа постапка повторете ја со сите парчиња.
Чекор 6 – На загреано тавче со малку масло ставете го подготвеното тофу да се пржи 2-3 минути од страна.
Чекор 7 – Во преостанатата маринада додадете го остатокот од медот, путерот од кикирики, соја сосот и јаболковата киселина. Искористете го како сос.
Чекор 8 – Поставете ги сите подготвени делови во длабок сад како на сликата.
30-06-2023 | Здрави оброци
Состојки:
- 150 грама овесни снегулки
- 3 големи зрели банани
- чоколадни капки (екстракт од ванила и цимет по желба)
Постапка:
Чекор 1 – Изгмечете ја бананата со вилушка и во неа додајте ги овесните снегулки.
Чекор 2 – Додајте ги парчињата чоколадо, циметот и екстрактот од ванила и убаво измешајте.
Чекор 3 – Формирајте колачиња во форма на дискови со дебелина од 1цм.
Чекор 4 – Печете ги 10-12 минути на 180 степени.