Тортиља пица

Тортиља пица

Состојки:

  • 1 голема ториља
  • 2 лажици доматно пире или кечап
  • 200г моцарела или кашкавал со намалена масленост
  • 1 јајце
  • 50г пилешка или мисиркина шунка
  • печурки
  • оригано

Постапка:

Чекор 1 – Ставете ги тортиљите на тава за печење и премачкајте ги со доматниот сос.

Чекор 2 – Врз доматниот сос додадете оригано.

Чекор 3 – Следно, нарендајте го кашкавалот врз сосот.

Чекор 4  – Додадете ги парчињата шунка.

Чекор 5 – Скршете едно јајце во средината на тортиљата. Зачинете.

Чекор 6 – Печете го во загреана рерна на 200°C, околу 7-10 минути или додека белката не е целосно испечена, а жолчката сеуште течна.

Кокосови колачи

Кокосови колачи

Состојки:

  • 100г кокосово брашно
  • 200г протеински пудинг од кокос или ванила
  • 50 грама темно чоколадо
  • лешници

Постапка:

Чекор 1 – Измешајте го протеинскиот пудинг со кокосовото брашно.

Чекор 2 – Од половина од смесата формирајте барови, кои ќе ги чоколадирате во растопеното темно чоколадо.

Чекор 3 – Од втората половина формирајте топчиња, во кои во средината ќе додадете по еден печен лешник.

Крцкаво пилешко со помфрит

Крцкаво пилешко со помфрит

Состојки:

  • 300г пилешко месо
  • 400г компир
  • 2 јајца
  • брашно
  • дробен корнфлекс

Постапка:

Чекор 1 – Месото исечете го на ленит широки 3-5цм.

Чекор 2 – Секоја лента место најпрво извалкајте ја во брашно, потоа потопетеја во зматено јајце и накрај извалкајте ја во дробениот корнфлекс.

Чекор 3 – Во загреана рерна на 200C ставете ги да се печат 20-25 мин. или во Air Fryer 13-15 мин.

Чекор 4  – Исечете го компирот во форма на помфрит, измијте го во ладна вода, додадете зачини по избор, малку масло.

Чекор 5 – Во загреана рерна на 200C ставете ги да се печат 20-25 мин. или во Air Fryer 13-15 мин.

Брускети со домат и маслинка

Брускети со домат и маслинка

Состојки:

  • 2 домати
  • 100г маслинки
  • 200г изварка
  • 50мл млеко
  • ½ интегрален багет
  • магдонос

Постапка:

Чекор 1 – Интегралниот багет исечете го на парчиња со дебелина од 1цм.

Чекор 2 – Ставете го да се пече во загреана рерна на 220 степени 5-10 минути.

Чекор 3 – Изварката изблендирајте ја со млекото, сол, бибер и лук во прав.

Чекор 4  – Премачкајте го потпечениот багет со подготвената смеса.

Чекор 5 – Исецкајте ги доматите, маслинките и магдоносот. Посолете ги и измешајте ги.

Чекор 6 – Врз секое парче багет ставете по една лажица од смесата со доматите. Украсете со магдонос и крема балсамико.

Овесни снегулки со праска и кокосово млеко

Овесни снегулки со праска и кокосово млеко

Состојки:

  • 100г овесни снегулки
  • 250мл млеко (по можност)
  • 150г овошје по избор
  • ½ лажичка цимет
  • 1 лажица мед
  • Ванила екстракт

Постапка:

Чекор 1 – Кратко сварете ги овесните снегулки во млекото

Чекор 2 – Додајте го медот, ванила екстрактот и циметот и промешајте

Чекор 3 – Ставете го во длабока чинија и врз него ставете две лажици кокосово млеко

Чекор 4  – Додајте свежа излупена праска, суво грозје, сецкани бадеми и чија семе

Леб од банана

Леб од банана

Состојки:

  • 3 зрели банани
  • 200г овесно брашно
  • 2 јајца
  • 2 лажици засладувач по избор
  • 2 лажици јаболково пире
  • 150г грчки јогурт
  • 100мл млеко
  • Ванила екстракт
  • пециво

Постапка:

Чекор 1 – Во длабок сад истропчкајте ги бананите.

Чекор 2 – Во истиот сад додадете ги јајцата, јаболковото пире, грчкиот јогурт, млекото и ванила кстрактот. Убаво мешајте додека смесата не се соедини.

Чекор 3 – Додадете ги сувите состојки, брашното и пецивото. Промшајте со маталка додека не добиете хомогена смеса.

Чекор 4  – Смесата ставете ја во модла за леб. Печете 35-45мин. на температура од 180С.