08-07-2023 | Истражувања и резултати
Во рамките на проектот Обединети за здравје се одржа уште една работилница за здрави животни навики, овој пат на Стоматолошкиот факултет во Скопје. Акцентот на оваа работилница беше посветен на важноста на здравите животни навики врз оралното здравје. Им благодариме на предавачите и учесниците за присуството и инволвираноста.







16-06-2023 | Истражувања и резултати
На оваа работилница се едуциравме за важноста на сонот и како да изградиме квалитетни и здрави навики за спиење. Сонот е особено важен дел од целокупното човеково здравје и благосостојба, а квалитетот на сонот е особено важен за младите лица. Квалитетот на сонот е од особено значење за физичкото и менталното здравје, а исто така помага и за подобрување на меморијата, учењето и когнитивните функции. Дискутиравме, разменувавме мислења и едногласни бевме во заклучокот дека добриот сон е половина здравје. Им благодариме на учесниците за укажаниот интерес и учество.









11-06-2023 | Истражувања и резултати
Се дружиме, учиме за здрави животни навики и готвиме вкусни оброци на работилницата во Битола! Погледнете како се едуциравме за бенефитите од здравиот начин на исхрана и во пракса покажавме колку е едноставно и вкусно да се храниме здраво. Насмеаните ликови на учесниците кажуваат се за убавата атмосфера која владееше на оваа работилница.














07-05-2023 | Истражувања и резултати
Овој прашалник Ви го доставува Здружението на Лекари Специјализанти-ЗЛС како дел од проектот United Wellness Project, кој има цел да промовира здравје и добросостојба кај младите од средните училишта во Македонија.
Би сакале да Ве замолимe, да го пополните овој прашалник. Информациите ќе бидат искористени за креирање на активности кои ќе промовираат здравје кај средношколците. Одговорите кои ќе ги дадете се доверливи и нема да бидат споделени со други лица, вклучувајќи го и училиштето, а ЗЛС ќе ги искористи за истражувачки цели и за следење на ситуацијата, во однос на здравјето и здравите животни навики кај младите.
Вашето учество е доброволно и Вие може да не одговорите на овој прашалник или да не одговорите на определени прашања во него. Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме контактирајте го главниот истражувач д-р Горан Стевановски.
Однапред Ви благодариме за Вашата љубезна соработка.
Прашалник за здрави навики кај млади
07-05-2023 | Истражувања и резултати
Во рамките на проектот “United Wellness Project”, Здружението на Лекари Специјализанти во соработка со Хрватското здружение на нутриционисти (Hrvatski Zbor Nutricionista), оствари работна посета на Загреб. За време на истата беше реализиран состанок со претставници на Хрватското здружение на нутриционисти, на кои се дискутираше исхраната во студентските домови во Хрватска и во Македонија. Дел од агендата на овој состанок опфати и дискусија во врска со истражувањето кое го спроведува Здружението на Лекари Специјализанти како дел од проектот, а во кое преку споделување на прашалникот се опфатени и младите лица во Хрватска, но и низ останатите Европски земји. На крај на состанокот се дискутираше за промена на правилниците за исхрана во студентските и училишните домови во нашата земја и на кој начин тоа би можело да се реализира.
Претставниците на здружението исто така одржаа и работилница за здрави животни навики пред студентите, со кои исто така дискутираа за исхраната во студентските домови (преку прикажување на фотографии од истата) во Македонија и Хрватска. Оваа работилница вроди со плодна дискусија, споделување на лични приказни, но и предлози за тоа што може да се подобри во поглед на нутрицијата во студентските и ученичките домови во нашата земја. Се надеваме дека оваа дискусија и прелози ќе вродат со плод и ќе генерираат промени во однос на оваа проблематика. Голема благодарност до Хрватското здружение на нутриционисти за помошта околу реализацијата на овој настан.







25-04-2023 | Истражувања и резултати
Погледнете дел од продуктивната атмосфера на нашата работилница за здрави животни навики оддржана во СОУ Јане Сандански Битола. Голема благодарност до сите учесници и нивниот укажан интерес за создавање здрави навики!
















