Интолеранција на глутен е состојба кога се чувствувате непријатно после јаденње на глутен. Може да се чувсвувате надуено со чести гасови, малаксано или уморно. уморни Глутенот е протеин кој се наоѓа во пченицата, јачменот, ‘ржта и другите житарки. Го има во многу вообичаени јадења и пијалоци, вклучувајќи тестенини, житарки и пиво. Глутенот може да го има и во некои комерцијални витамини, козметика, па дури и во одредени лекови.

Интолеранцијата на глутен и целијакија се различни. Луѓето со целијакија имаат автоимун одговор на глутенот. Ова значи дека нивните тела се обидуваат да се борат против глутенот како да е вирус. Оваа реакција предизвикува инфламација и оштетување на нивниот дигестивен тракт. Целијакијата е болест која е резултат на абнормален ген.

Сензитивноста на глутен и целијакијата предизвикуваат многу исти симптоми. Меѓутоа луѓето со сензитивност на глутен немаат присуство на абнормален ген ниту присуство на антитела. Постојат луѓе кои се родени со интолеранција на глутен а други развиваат подоцна во животот.

Интолеранција и алерфија на храна не се еднакви. Алергијата на храна, како на пример алергија на пченица, е кога имуниот систем хиперреагира после јаденје на одредена храна. Предизвикува чешање, повраќање, глад за воздух. Интолеранција на глутен не е алергија на глутен.

Луѓето со интолеранција на глутен ги имаат следните симптоми после неколку часа или денови откако консумитаат глутен:

  • Абдоминална болка
  • Анемија
  • Анксиозност
  • Надуеност или гасови
  • Чувство на мозочна магла или потешкотии во концентрација
  • Депресија
  • Дијареа или констипација
  • Замор
  • Главоболка
  • Болки во зглобови
  • Гаденње и повраќање
  • Исфлање по кожата

Како интолеранцијата на глутен се дијагностицира?

Докторот кој е одговорен за вашето здравје внимателно ги разгледува симптомите и анамнестичките податоци. Доколку се сомнева на интолеранција на глутен, постојата 3 чекори со кои се поставува дијагнозата:

  • Прв чекор: Јадете храна која содржи глутен во период од околу 6 недели. Во тој период се прават тестови преку крв и кожни тестови за да се исклучи алергија и целијакија. Не постои тест за докажување на интолеранција на глутен.
  • Втор чекот: Доколку немате алергија или целијакија се исклучува глутенот од исхраната во период од најмалку 6 недели. Во кој период знацително е ја се води запис за сите симптоми кои се искусуваат
  • Трет чекор: Доколку симптомите се подобрат во периодот на исхрана без глутен, глутенот повторно се воведува во исхарана. Доколку симптомите се вратат, најверојатно станува збор на интолеранција на глутен.

Како интолеранцијата на глутен се менаџира?

Не постои лек за интолеранција на глутен. Меѓутоа многу луѓе имаат подобрување на симптомите доколку се придржуваат на исхрана без глутен. Која може да се постигни преку:

  • Храна со помалку масти а повеќе растителни влакна
  • Регуларни тестови за проверка на
    • Анемија
    • Висок холестерол
    • Витамински или нутритивни дефицити
  • Со учење која храна, пијалоци или состојки содржат глутен и истите да се избегнуваат
  • Внимателно читање на декларациите за состав на храна и пијалоци

 

Д-р Симона Сапунџија