Состојки:
- 2 јајца
- 2 парчиња леб
- 30г халуми сирење
- 20г кашкавал со намалена масленост
- ¼ домат
- 2 листови марула/неколку листови бебе спанаќ
- 30г чадено месо/пилешка салама
- 100г компир
- ½ авокадо
Постапка:
Чекор 1 – Во длабок сад убаво изматете ги јајцата и зачинете.
Чекор 2 – Лебот убаво потопете го во претходно изматените јајца и ставете го да се пржи на претходно загреано нелепливо тавче или додадете сосема мала количина на масло. Пропржете по 2-3 минути од страна.
Чекор 3 – Во меѓувреме, во друг сад истропчкајте го авокадото и зачинете.
Чекор 4 – Исечете го компрот, зачинете го избор, додадете малку масло и ставте го да се пече на 200С во претходно загреана рерна 20-25мин или во AirFryer 13-15 мин.
Чекор 5 – Халуми сирењето исечете го на тенки шницили и ставете го да се пржи 2-3 минути од страна.
Чекор 6 – Претходно испржените лепчиња премачкајте ги со намазот од авокадо.
Чекор 7 – Врз него додадете ги листовите марула, исечканиот домат, пилшкото месо и прженото халуми сирење.








