Состојки:
- 150 грама овесни снегулки
- 3 големи зрели банани
- чоколадни капки (екстракт од ванила и цимет по желба)
Постапка:
Чекор 1 – Изгмечете ја бананата со вилушка и во неа додајте ги овесните снегулки.
Чекор 2 – Додајте ги парчињата чоколадо, циметот и екстрактот од ванила и убаво измешајте.
Чекор 3 – Формирајте колачиња во форма на дискови со дебелина од 1цм.
Чекор 4 – Печете ги 10-12 минути на 180 степени.








