Состојки:

  • 1 средно голема тиква (Honeynut Squash или Butternut Squash)
  • 2 лажици путер
  • 100г кафеав шеќер

Постапка:

Чекор 1 – Пресечете ја тиквата на половина и исчистете ја од семките.

Чекор 2 – Поставете ги двете половини со кората нагоре на хартија за печење и ставете ги да се печат 30мин. во претходно загреана рерна на температура од 180С.

Чекор 3 – Премачкајте ги со путерот од внатрешната страна и ставете го шеќерот врз него.

Чекор 4 – Ставете ги да се печат уште 30мин. на температура од 180С, но сега со внатрешната страна нагоре.