Состојки:
- 400г пилешко месо
- 100мл соја сос
- 200г брокула
- 200г морков
- 200г печурки
- 2 лажици нишесте
- 1 лажица доматен сос
- 1 лажица ѓумбир
- 1 лажица лук во прав
- 1 чаша ориз
Постапка:
Чекор 1 – Исецкајте го пилешкото месо на ситни коцки и измешајте го со неколку лажици соја сос и нишестето
Чекор 2 – На малку масло пропржете го ѓумбирот, а потоа и пилешкото месо
Чекор 3 – Додајте го зеленчукот кратко да се пропржи
Чекор 4 – Во сад на страна припремете го сосот мешајќи ги доматниот сос, соја сосот, лукот во прав и малку ѓумбир во прав со малку вода
Чекор 5 – Сосот додајте го во тавата да прокрчка
Чекор 6 – На крај додајте 2 лажици нишесте растворено со малку вода за да се згусне смесата
Чекор 7 – Сервирајте со сварен ориз








