Состојки:
- 250г грчки јогурт
- 300г смрзнати јагоди
- 50г протеин од сурутка
Постапка:
Чекор 1 – Ставете го грчкиот јогурт заедно со протеинот од сурутка во блендер или процесор.
Чекор 2 – Блендирајте додека смесата не стане хомогена
Чекор 3 – Додадете го и овошјето (директно од замрзнувач) во блендерот и продолжете да блендирате додека повторно не добиете хомогена смеса.
Чекор 4 – Префрлете ја смесата во сад.
Чекор 5 – Ставете ја смесата во замрзнувач 1 час.
Чекор 6 – Послужете ги топките сладолед со свежо или смрзнато овошје.








