Состојки:
- 50г бејби спанаќ
- 50г киноа
- ½ јаболко
- 100г пилешко месо
- ½ домат
- 50г фета сирење
- 20г ореви
- 1 лажица мед
- јаболкова киселина
- крема балсамико
Постапка:
Чекор 1 – Во длабок сад ставете ја киноата да се вари во 100мл. вода. Откако водата со киноата ќе зоври, намалете ја температурата и покријте го садот. Оставете да се вари 15мин.
Чекор 2 – На загреано тавче со малку масло додадете го месото исечено на ситни коцки и зачинете го. Пржете 10-15мин.
Чекор 3 – Во длабок сад ставете јаболкова киселина и мед. Убаво промешајте ги додека не добијат хомогена смеса.
Чекор 4 – Додадете го спанаќот и убаво промешајте го во сосос.
Чекор 5 – Врз него додадете исечен домат, и фета сирење.
Чекор 6 – Откако киноата и месото ќе бидат подготвени додадете ги над сирењето.
Чекор 7 – Јаболкото исечете го на кришки и ставете ги најгоре.
Чекор 8 – Полијте го со крема балсамико и додадете кршени ореви и брусница.








