Состојки:

  • 200г мисиркино мелено месо
  • ½ главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 400г сладок компир
  • 2 лажици доматно пире
  • тако зачин

Постапка:

Чекор 1 – На загреано тавче со малку масло додадете ги претходно исечканте кромид и лук да се пропржат неколку минути доека не добијат златно-кафеава боја.

Чекор 2 – Додадето го месото заедно со сол, мелен црно бибер и тако зачин. Пржете се додека месото не добие кафеава боја, околу 5-8 минути.

Чекор 3 – Во длабок сад измешајте го доматното пире со малку вода и додадете го во во месот. Оставете го на ниска температура да проврие.

Чекор 4 – Во меѓувреме подгответе го компирот. Добро измијтего со ладна вода и направете неколку дупки со вилушка низ цела негова површина. Ставете го во микробранова печка на највисока температура 10-12мин. некаде на половина свртете го од другата страна.

Чекор 5 – Откако сите состојки ви се подготвени, пресечете го компирот на пола. Внатрешноста треба да биде доста мека, па користејќи вилушка направете вдлабнатини и во двете половини. Вдлабнатините наполнете ги со месото. По желба додадете рендан кашкавал врз него.