Состојки:
- 1 мала бебе тиква
- 2 чешниња лук
- ½ главица кромид
- 2 лажици кари
- 1 лажичка цимет
- 1 кутија(400мл) кокосово млеко
- 500мл зеленчуков бујон
- 1 лажица мед
- 50г печени семки од тиква
Постапка:
Чекор 1 – Во загреано тенџере со масло додадете го лукот и кромидот и пропржете 2 минути.
Чекор 2 – Додадете ја претходно на коцки исечената тиква и зачинете со сол, бибер, кари и цимет. Пржете 4-5 минути со повремени промешувања.
Чекор 3 – Додадете го бујонот, кокосовото млеко и медот.
Чекор 4 – Откако ќе зоврие намалете на средна температура, ставете капак и оставете го да вари 15-20 минути или додека тиквата не омекне.
Чекор 5 – Користејќи рачен блендер блендирајте ги состојките се додека не добиете смеса налик на пире.
Чекор 6 – Продолжете да варите на средна температура уште неколку минути.
Чекор 7 – Сервирајте со печените семки од тиква.








