Еден од најзначајните, најкорисни активности што му помага на нашето тело да заздрави и да се одмори е едноставниот акт на спиење. Д-р Matthew Walker – еден од водечките научници за спиење во светот, ја опишува важноста на сонот во неговата книга „Зошто Спиеме?“ и во неговиот TED talk. Неговите истражувања му помогнаа да презентира неколку лесни и едноставни совети и начини за полесно заспивање и подобар сон кои што се базирани на докази.Овие совети ќе ви помогнат доколку имате проблеми со заспивање, несоница, или се будите почесто во текот на ноќта. Доколку сте луѓе кои што спијат добро, овие совети и начини на одржување добра хигиена на сонот, ќе ви се од помош доколку започнете да се соочувате со неспиени ноќи.Следуваат првите шест совети, онака како што се презентирани во книгата на Д-р Matthew Walker:
- Држи се до исто време за спиење секој ден. Во друг натпис на оваа страна зборувавме за циркадијален ритам. Иако делува тешко, особено за викенди кога почесто сакаме да спиеме до доцна, заспивање и будење во исто време секој ден помага на нашите тела уште повеќе да уживаат во придобивките на оваа активност. Ова исто така помага да заспиваме и да се будиме уште побрзо.
- Не вежбај доцна навечер. Особено кардио вежби. Кога се впуштаме во било каква физичка активност, крвиот притисок ни е привремено покачен и хемијата на мозокот нѝ се менува. Иако овие промени имаат придобивки во текот на денот, оваа стимулација на мозокот нѐ прави потешко да заспиеме. Заради тоа – држи се до вежби порано во текот на денот.
- Избегнувај кофеин и никотин. Иако кофеинот после 4 часот на пладне оневозможува доволно смирување на мозокот за подлабок сон, кофеинот и никотинот ја намалуваат општата способност за заспивање. Затоа што овие две супстанции го стимулираат мозокот – држи се понастрана од нив за подобра хигиена на сонот. Особено затоа што – освен што предизвикува зависност, никотинот носи и бројни ризици по нашето здравје.
- Држи се понастрана од алкохолот, особено пред спиење. Често слушаме дека алкохолот нѐ прави поспани. Иако има некоја вистина во тоа дека алкохолот ве прави да се чувствувате поспано, сепак, консумирањето на алкохол пред спиење нѐ „ограбува“ од длабочината на многу значајната РЕМ (rapid eye movement) фаза на спиењето, што е дискутирана во друг дел од оваа веб страна. Алкохолот нѐ чува во еден поплиток сон.
- Избегнувај тешки и големи оброци навечер, вклучувајќи и пијалаци. Големи оброци нѝ прават потешко да заспиеме, додека внесувањето течности прави да имаме потреба за уринирање повеќе пати во текот на ноќта, што доведува до повеќекратен прекин на сонот.
- Биди паметен со земањето лекови. Многу од препишаните лекови за крвен притисок, алергија, кашлица и слично имаат способност да го нарушат сонот. Заради тоа е потребна консултација со здравствените работници за времето на земање на лекот и потенцијално поместување на лекот порано во денот.
Д-р Горан Стевановски








