Витаминот B12 е важен извор на енергија за луѓето. Витамин B12 има заштитна улога од тумори, особено на оние облици кои се јавуваат како резултат на пушење. Витамин B12 игра улога во заштитата на телото од различни токсини и алергени. Учествува во градењето на креатин, адреналин, азотни бази, нуклеинските киселини, протеини и други биолошки активни супстанции. Со помош на протеинските состојки на желудочниот сок, , витаминот B12 се апсорбира од тенкото црево во крвта.
Храна богата со витамин Б12
Витамин B12 не е синтетизиран ни од растенија ни од животни. Витаминот B12 е синтетизиран само од страна на некои бактерии. За човекот притоа главниот извор на витаминот B12 е производ од животинско потекло: црниот дроб, бубрезите, срцето, мускулите, говедско и свинско месо. Во овие делови на телото се натрупува витаминот B12, кој го произвеле бактериите. А добар извор на витамин В12 се риби и јајца.
Препорачани дневни количини
Ако не постојат медицински проблеми за кои е потребно внесување на големи количини на витамин B12 (во тој случај, користењето на овој витамин ќе мора да биде под медицински надзор), се препорачува доза од 5-50 микрограма дневно. Овие дози се доволни за луѓе на вегетаријанска и макробиотичка исхрана.
Недостаток од витамин Б12
Познато е дека недостатокот на витамин B12 во организмот може да предизвика нервни растројства. Поради недостаток на овој витамин може да дојде до Мегалобластна анемија. Таа е предизвикана поради секундарен дефицит на редуцирани фолати Постојат докази дека витаминскиот B 12 дефицит може да се јави кај голем дел од населението, па дури и во отсуство на видливи знаци на недостаток (како што анемија).
Д-р. Александра Георгиева