Витаминот Ц, исто така познат како L-аскорбинска киселина, е хидросолубилен витамин кој природно е присутен во некои намирници, додаден на други, и достапен како додаток во исхраната. Луѓето, за разлика од повеќето животни, не се во состојба да го синтетизираат витаминот Ц ендогено, па тоа е суштинска компонента во исхраната.
Извори на витамин Ц
Овошјето и зеленчукот се најдобри извори на витамин Ц. Цитрусни овошја, домати и доматен сок, како и компирите се богати со витаминот Ц. Други добри извори се црвените и зелените пиперки, кивито, брокулата, јагодите итн. Концентрацијата на витамин Ц во храната може да се намали со продолжено складирање и со готвење бидејќи аскорбинската киселина е растворлива во вода и се уништува од топлина. За среќа, многу од извори на храна богати со витамин Ц, како што се овошјето и зеленчукот, обично се консумираат сурови. Консумирањето на пет различни овошја и зеленчук дневно може да обезбеди повеќе од 200 mg витамин Ц.
На телото му треба витамин Ц за обавување на различни функции. Еве некои од нив:
- Помага на телото да произведува колаген, L-карнитин и некои невротрансмитери.
- Како антиоксидант, помага во отстранувањето на несаканите супстанции познати како реактивни оксидативни радикали (ROS) од телото.
- Му помага на телото да апсорбира железо.
- Го зајакнува имунолошкиот систем.
- Го зајакнува заздравувањето на раните
ROS се супстанции како што се слободните радикали кои произлегуваат од природните телесни процеси, изложеноста на загадување и други фактори. Тие можат да доведат до оксидативен стрес, кој, пак, може да предизвика оштетување на клетките.
Антиоксидантната активност на витамин Ц може да помогне во намалувањето на воспалението и да го намали ризикот од развој на различни состојби, вклучувајќи и некои видови на рак.
Знаци и симптоми на недостаток на витамин Ц
Ниските нивоа на витамин Ц во телото можат да доведат до скорбут. Симптомите на скорбут вклучуваат отечени зглобови, крварење на непцата и расклатување на заби, анемија, поспаност, замор, лесно здобивање со модринки и груба, нерамна кожа. Важно е скорбутот да се лекува. Скорбутот лесно се третира со додавање на некој витамин Ц во вашата исхрана како што се свежо овошје и зеленчук. Вашиот матичен лекар може да ви препорача земање на витамин Ц во форма на суплементи додека не се чувствувате подобро. Повеќето луѓе кои се лекуваат од скорбут се чувствуваат подобро во рок од 48 часа и целосно се опоравуваат во рок од 2 недели.
Д-р Александра Георгиева